Реал Мадрид со нов триумф: Асенсио и Едер Милитао ја “решија“ Селта! (ВИДЕО)

166

И четврта победа по ред за Реал Мадрид со 2:0. Вечерва “кралевите“ на свој терен успеаја да славата против Селта во меч од 30.коло во Ла Лига.

Рутинска, очекувана победа на “кралевите“ и тоа благодарение на головите на Марко Асенсио во 42.минута и Едер Милитао во 48.минута. Гостите имаа шанса преку Аспас за погодок, но Куртоа одлично одбрани.

Со овие три бода Реал дојде на -8 бодови во однос на лидерот на табелата Барселона, но “каталонците“ утре ќе го одиграат својот меч од ова коло, и тоа против Атлетико Мадрид во дербито на колото.

ПретходноСтанковиќ и неговата Сампдорија само до бод со Специа!
СледноГаздата на Челзи издвои двајца кандидати за тренер, нивните имиња се шок за фановите!