Станковиќ и неговата Сампдорија само до бод со Специа!

88

Кога не можеш дома, пред своите фанови да ја победиш ниту Специа, тогаш се чини дека не заслужуваш да останеш во Серија А, туку местото ти е во Серија Б. Се разбира дека станува збор за составот на Сампдорија, тим на тренерот Дејан Станковиќ кој вечерва, во меч од 31.коло одигра само 1:1 против Специа. Домашните поведоа со голот на Амионе во 23.минута, за да гостите израмнат на 1:1 во 59.минута со голот на Верде.

Па така сега Сампдорија остана “фенерџија“ со само 17 бодови, или 10 помалку во однос на Специа која се наоѓа на сигурното, 17.место на табелата.

Да кажеме дека се играа дури 13 минути судиско продолжение на овој меч во второто полувреме.

ПретходноЦ. Звезда е првиот тим кој и официјално се пласира во групната фаза во ЛШ!
СледноРеал Мадрид со нов триумф: Асенсио и Едер Милитао ја “решија“ Селта! (ВИДЕО)