Торино го совлада Лацио на „Олимпико“ (видео)

70

Екипата на Торино славеше победа на гостувањето кај Лацио во рамките на Серија А и му направи сопка во борбата да го сочува второто место на табелата, а кое од неодамна опасно го нападна Јувентус после вратените 15 бодови.

Голот за победа на Торино од 1:0 го постигна Иван Илиќ во финишот на првото полувреме. Во второто полувреме играше и Чиро Имобиле со бандажирана рака и дланка после сообраќајната несреќа која ја имаше пред неколку денови.

Лацио не успеа да се врати и го впиша шестиот пораз сезонава, а прв од Торино на домашен терен после декември 2017 година.
Торино е на десеттото место на табелата и ја запиша 10-тата победа.

Претходно„Црвено – бела“ доминација: И официјално Ц. Звезда по шести пат во серија е шампион на Србија!
СледноМЗТ Скопје водеше двоцифрено, па се спасуваше од пораз!