Третиот најстар фудбалски клуб во светот на пат да се врати во професионална лига

2294

Денеска еден од трите најстари фудбалски клубови во светот, англиски Рексам може да се пресели во англиската Лига 2, што е четвртонатпреварување по ранг во англискиот фудбалски систем. Рексал е во сопственост на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени и оваа година е прв во Националната лига на Англија (петта лига).

Доколку Рексам вечерва слави со Борехам Вуд на домашен терен ќе ја потврди промоцијата во Лига 2 за првпат од сезоната 2008/2009, и на тој начин клубот ќе се врати во системот на професионалните лиги во Англија.

Рексам е клуб од Североисточен Велс формиран од членови на крикет тимот на градот во 1864 година. Ова го прави Рексам трет најстар професионален фудбалски клуб во светот и најстар во Велс. Во 1958 година, Рексам станал дел од системот на англиската лига и останал дел од него додека не испадна во Националната лига во сезоната 2008/2009.

„Црвените змејови“, како што го нарекуваат клубот, оттогаш не успеваат да прогресираат во некоја од погорните лиги. Рексам го освоил Купот на Велс 23 пати, најмногу од сите други тимови, а своевремено има пласман во четвртфиналето на Купот на победниците на Куповите на УЕФА во сезоната 1975/76.

ПретходноФиладелфија вечерва без Ембид на решавачкиот меч со Бруклин
СледноКолку е регуларна АБА-лига? Дали се залудни сите воздишки, жртвувања, потрошено време…?