ТФТ со убедлива партија го завери третото место!

75

ТФТ во плеј-офот ќе стартува од третото место, кое денеска го потврди со убедлив триумф над Куманово од 107-70 во рамките на последното коло во Првата лига.

Тимот од Тафталиџе доминираше на оваа средба. Гостите беа рамноправен противник во првата четвртина, која домаќинот со серија од 7-0 ја заврши во своја корист 26-19. Кошаркарите на ТФТ не застанаа, веќе следниот период го добија со 31-7 и ставија крај на сите дилеми. Позитивата од 57-26 беше повеќе од доволна за мирен финиш и победа број 15. оваа сезона.

Симоновски со 21 поен и Ташовски со 18 поени и 9 асистенции беа лидери кај победникот, на другата страна Марјановиќ имаше 19 поени.

ПретходноСалернитана убедлива против Сасуоло
СледноМајнц го нокаутира Баерн