Фулам со триумф ja отвори денешната Премиер лига програма (ВИДЕО)

83

Екипата на Фулам успеа на домашен терен предмалку да слави над Лидс со конечни 2:1, и на тој начин да го отвори ова ново Премиер лигашко викенд коло со домашен триумф.

Домашните на овој меч се обидуваа уште од самиот старт да дојдат до водство, но истото им појде од рака дури во 58. минута преку Вилсон. Во 72. минута Переира зголеми на 2:0, и речиси и да беше се решено. Сепак, доза на неизвесност донесе автоголот на Палфиња по една голема мешаница во домашниот петерец.

Лидс потоа тргна на се или ништо но за жал за гостите не помогнаа ниту осумте минути судиско продолжение на крајот.

ПретходноРајковиќ и ЦСКА со брејк кај Локомотив Кубан
СледноОсасуна подобра од Бетис