Бодибилдерот Ивица Јанев крунисан за Балкански шампион на IFBB шампионатот

127

Ивица Јанев, реномираниот бодибилдер од Македонија, уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје од 21-ви до 23-ти април. Ивица беше прогласен за Балкански Шампион во Бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за Бодибилдинг и Фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.

Говорејќи за неговата победа, Ивица ја изрази својата радост и гордост за неговото постигнување. „Навистина сум среќен што после 4 години повторно сум шампион на Балканот. Конкуренцијата е голема на Балканот, така што горд сум на оваа титула, која е Шампион во Бодибилдинг Classic Physique. Ова е само еден поттик како за сите идни натпревари така и во моето работно достигнување во Бодибилдинг кариерата”, рече Ивица Јанев.

Ивица цел месец е во победничка еуфорија, откако неодамна го освои Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен  Апсолутен шампион, организиран од најпрестижната федерација за бодибилдинг и фитнес во светот IFBB. Ивица има освоено 6 злата и 2 титули Апсолутен Победник и една Про карта од 2 меѓународни натпревари одржани во Србија.

На 7ми Април Ивица стана и Шампион на Македонија во Бодибилдинг Класик Физик.

Покрај неговите неодамнешни достигнувања, Ивица има долга листа на титули на своето име, вклучувајќи го и Шампион на Голд купот во Белград во 2018 година и државниот шампион во бодибилдинг до 90 килограми во Македонија во 2019 година. Тој беше прогласен и за апсолутен државен шампион за 2019 година. Таа 2019 години Ивица за првпат стана Балкански Шампион во Крф, Грција.

Последната победа на Ивица уште еднаш ја воспостави неговата позиција како врвен бодибилдер на Балканот и тој продолжува да инспирира многу генерации за бодибилдери во регионот.

Следен предизвик за Јанев е Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија.

ПретходноЧави вклучи 15-годишник во тимот за дербито со Атлетико Мадрид
СледноЕргин Атаман е нов тренер на Панатинаикос