Денеска е ден за дерби, за дуелот Воска – Вардар, почеток од 16 часот. Супер – дерби на 25.коло во ВМФЛ. Дерби во кое Вардар си ја решава судбината околу пласманот во ПМФЛ. Потребна е победа, реми а посебно пораз никако не доаѓаат в предвид за вардарци.
Воска на табелата има +3 во однос на Вардар и +4 во однос на Гостивар, и во случај на победа денеска речиси со една нога ќе биде во елитата.
Вардар не смее, едноставно не смее да загуби, јасно е дека Гостивар и тоа како го “мерка“ тоа второ место на кое што е сега Вардар.
Да, се очекува вистинска фудбалска војна попладнево на “Билјанини Извори“ во Охрид, бодовите се и повеќе од важни за двете екипи. Штета, ќе нема гледачи, и тоа поради одлуката на Воска која се реши овој меч да биде од “затворен“ тип. Спектакл без гледачи и не е спектакл.
“Комити“ најавија “инвазија“ на Охрид, останува да видиме што ќе се случува денеска во нашиот туристички бисер.
И кога е така, тогаш јасно е дека сите останати мечеви од 25.коло во ВМФЛ се во длабока сенка на оној во Охрид.
Сепак да споменеме дека Пелистер и гостува на Беласица, а Гостивар игра дома со Кожув.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Беласица – Пелистер
Слога (В) – Тетекс
Воска Спорт – Вардар
Гостивар – Кожув
Беса – Арсими
Саса – Охрид
Пехчево – Детонит
Караорман – Борец
ТАБЕЛА: Воска Спорт 59, Вардар 56, Гостивар 55, Пелистер 50, Детонит 41, Арсими 36, Беса 36, Охрид 34, Беласица 32, Караорман 31, Кожув 30, Пехчево 21,Саса 18, Слога (В) 17, Тетекс 15, Борец 2..бодови