Зенит го декласираше Уникс, Нено најдобар кај поразениот тим!

123

Во четвртиот меч од полуфиналето во битката за титулата во ВТБ лигата, тимот а Зенит со 104:77, успеа да го победи составот на Уникс Казан, за кого настапи и нашиот најдобар кошаркар.

Со овој триумф, тимот од Санкт Петербург израмни на 2:2 во полуфиналната серија.

Димитријевиќ мина на паркетот 28 минути, а постигна 15 поени, имаше и три асистенции.

Па така според прикажанот Македонецот беше најдобар кај поразениот тим, ако тоа е некаква утеха.

Сензационален е овој пораз од 27 поени разлика, ако се знае дека Нено и другарите добро се држеа во првиот период од натпреварот, но третата четвртина (28:10), беше ужасна за тимот на Македонецот.

ПретходноИнтер со триумф кај Емполи: „Бум – Бум“ Лукаку, а и Лаутаро “тресеше“…. (ВИДЕО)
СледноАлегри го убедувал Кулибали да направи трансфер во Јувентус!