Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски блесна во дресот на Вецлар, но за жал неговата игра не беше доволна за победа.
Тимот предводен од Филип Миркуловски на гостувањето кај Бумербах беше совладан со 37-30 во рамките на 27 коло во Бундес-лигата.
Кузмановски зад своето име запиша пет гола од исто толку обиди.
За Вецлар беше 20 пораз оваа сезона, има шест победи и едно реми.