Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков и неговиот тим СК Задруга Аих/Доб мораа да се задоволат со сребрениот медал и титулата вицепрвак во шампионатот на Австрија.
Нашиот среден блокер одигра одлична сезона во австрискиот тим, кој во финалето на плеј-оф серијата беше поразен од бранителот на титулата, Хипо Тирол со 4:1 во партии. Во последниот меч одигран во Инсбрук, домашниот тим славеше со 3:1 со што ја освои двојната круна на австиската одбојкарска сцена.
За Маџунков следен предизвик ќе бидат репрезентативните настапи со Македонија во „Златната лига“ на ЦЕВ и подоцна Европското првенство во Скопје.