„Падна“ првата метла во НБА-лига (ВИДЕО)

990

Филаделфија е првиот тим кој успеа да обезбеди пласман во следната рунда во НБА плеј-офот. Сиксерси стигнаа до четвртата победа во пресметките со Бруклин, овој пат на гостински терен славеа со 88-96.

Тобијас Харис со 25 поени и 12 скока, Џејмс Харден мечот го заврши со 17 поени, осум скока и 11 асистенции. Кај Спенсер Динвиди со 20 и Џордан Кларкстон со 19 поени.

ЛА Лејкерс го совлада Мемфис Гризлис на домашен терен со 111:101 и поведе со 2:1 плеј-оф серијта во НБА.

Ентони Дејвис имаше 31 поен и 17 скока, а зад него беше Леброн Џејмс со 25 поени. 45 поени, 13 асистенции и девет скока на Морант не му помогнаа на Мемфис, кој успеа да ја намали само големата негатива на крајот од натпреварот.

Импресивна беше последната четвртина во која Морант постигна 24 поени, од кои 22 во низа. Но Гризлис се доближија најблиску до -9. Во второто полувреме Мемфис играше без Дилон Брукс, кој беше исфрлен бидејќи го удри Џејмс во препоните додека се обидуваше да го чува.

Резултати: Бруклин – Филаделфија 88:96 (0:4) ЛА Клиперс – Феникс 100:112 (1:3) Мајами – Милвоки 121:99 (2:1) ЛА Лејкерс – Мемфис 1011:103 (2-1).

Претходно„Пиратите“ повикуваат: Дојди за ФК Скопје, дојди за Никола, биди хуман! (ФОТО)
СледноСестрата на НБА ѕвездата доби доживотен затвор поради убиство на стара жена!