„Пиратите“ повикуваат: Дојди за ФК Скопје, дојди за Никола, биди хуман! (ФОТО)

701

Денеска од 16 часот на стадионот на Автокоманда, во меч од 28.коло во ПМФЛ, Скопје ја дочекува екипата на А. Пандев. Многу важен меч за двете екипи во битката за опстанок.

Инаку овој натпревар ќе биде и од хуман карактер, имено сите собрани средства ќе одат на сметка на болниот Никола Ѓорѓиев. За момчето кое цела Македонија се дигна за да му помогне да победи во битката со злокобната болест.

Токму затоа раководството на Скопје,ги повикува фудбалските фанови да дојдат во што поголем број, да купат билет со кој ќе му се помогне на Никола.

No description available.

ПретходноГаздата на Челзи издвои двајца кандидати за тренер, нивните имиња се шок за фановите!
Следно„Падна“ првата метла во НБА-лига (ВИДЕО)