Се одиграа денешните четири меча од 28.коло во ПМФЛ. Скопје на Автокоманда, по многу борба дојде до бод против А. Пандев и тоа со голот на младиот и одличен напаѓач Азер Омерагиќ, кој при резултат 0:1 за гостите, успеа да го постигне својот деби прволигашки гол во кариерата.
Токму со тој гол “пиратите“ дојдоа до бод, а гостите поведоа уште во 2.минута со голот на Крстевски.
„Пиратите“имаа шанса за победа, имаа и гостите, сепак немаше гол за победа. Па така по овој меч струмичани имаат и натаму +4 бода предноста пред тимот на Скопје во битката за избегнување на баражот.
Со голот на Кире Маркоски во 31.минута, Работнички дојде до победа на гости кај Победа. Гостите ја оправдаа фаворитската улога, сепак се очекуваше поубедлив триумф на тимот од Градски парк.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
Тиквеш и Шкупи одиграа без голови, со ова шампионот веројатно и дефинитивно се прости од битката за титулата.
Силекс ја победи Македонија ЃП со 1:0 и тоа со голот на Манасиевски во 3.минута.
Вчера во дербито на колото, Шкендија како гостин ја победи Брегалница со 0:1, а лидерот Струга ТЛ во ова коло беше слободна.
РЕЗУЛТАТИ – 28.КОЛО
СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ 1:1
(Омерагиќ 60./Крстевски 2.)
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0:1
(/Маркоски 31.)
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
(Манасиевски 3./)
ТИКВЕШ – ШКУПИ 0:0
ВЧЕРА:
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0:1
СТРУГА ТЛ (СЛОБОДНА)