Тиквеш излезе од криза, Бутел падна во „Јасмин“

143

Во Кавадарци, очекувано беше „жешко“. Тиквеш и Бутел одиграа дерби натпревар, кој на крајот заврши во корист на домаќинот, кој славеше со 24-23. На овој начин Данило Брестовац ставија крај на серијата од пет меча без победа. Со триумфот број четири, кавадарчани се искачија на четвртото место на табелата.

Симиќ, Хамзиќ и Темелкоски беа лидери, постигнаа по пет гола, кај гостите, Николов беше стрелец на шест гола.

Во првото полувреме водството се менуваше, Бутел еднаш дојде на плус два 7-9, додека на другата страна Тиквеш не поведе повеќе од еден гол, на одморот беше 14-13.

Почетокот на вториот дел му припадна на домаќинот, дојде на плус три 16-13 и 17-14, но на другата страна Бутел Скопје имаше одговор, поведе со 19-21, момент по кој Тиквеш предводен од Брауновиќ поведе со 22-21 и 24-22. Во самиот финиш гостите намалија на 24-23, Тиквеш ги искористи максимално преостанатите секунди за голема радост.

Во плеј-аут лигата Скопје победнички си замина од гостувањето кај Јуниор К.В, славеше со 26-27. Избраницте на Горан Кузманоски беа на ниво на задачата во првото полувреме, водеа со пет гола разлика 7-12 и 8-13, но домашниот состав се врати во второто полувреме, беше на гол негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

Мишевски и овој пат одигра добар меч, постигна шест гола, кај поразениот состав ист број на погодоци имаше Николов.

Голден Арт без проблем славеше против Струга (35-27), додека пак Куманово беше подобар од Радовиш со 34-27.

ПретходноМанчестер Ј. во пенал-рулетот подобар од Брајтон за финале во ФА Купот
СледноСтрумица Н. направи „брејк“ во Велес и дојде на победа до одбрана на титулата