Алкараз ја одбрани Барселона, Лајовиќ триумфираше во Бања Лука

150

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, кој за 12 дена ќе наполни 20 години, ја одбрани титулата на АТП турнирот во Барселона. Вториот играч во светот го победи петтиот играч во светот, Гркот Стефанос Циципас во финалето со 6-3, 6-4.

За Алкараз ова е деветта АТП титула во кариерата.

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ, пак, победи на првото издание на АТП турнирот во Бања Лука, откако во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљев со 6-3, 4-6, 6-4. За 32-годишниот Лајовиќ ова е втора АТП титула во кариерата.

ПретходноПСЖ го посaкува Зидан, но има уште четворица кандидати за нов тренер!
СледноЊујорк по третпат подобар од Кливленд, на победа до втората рунда