Вардар имаше се, а на крајот остана без ништо…. фото финиш на Воска и големи три бода (ВИДЕО)

6761

Иако во меч одигран без гледачи, јавноста предмалку беше сведок на ретко видена драма во второлигашјата конкуренција на дерби дуелот помеѓу Воска и Вардар одигран во Охрид.

Во директен дуел за првото место, тимот на Воска со конечни 2:1 триумфираше благодарение на невидена завршница во која од негатива од 0:1, извојува победа преку головите на Ален Јашароски и Ермедин Адем. Истите беа постигнати во самото судиско продолжение откако Вардар поведе уште во првиот дел.

Не заслужи Вардар да загуби затоа што „црвено – црниот“ состав се бореше жестоко но не издржа до крај, не го сочува водството кое го стекна преку Јорго Папули во првиот дел заработено со играч помалку откако Ненад Мишковски оправдано беше исклучен.

Следуваше едночасовна опсада на голот на Вардар од страна на домашните кои на моменти јалово, на моменти конкретно постојано се закануваа.
И докечаа да погодат во последните секунди откако Емини спушти една топка со глава, од десно центаршутот го дочека на петерец Јашароски и израмни на 1:1.

Само шеесетина секунди подоцна преморената одбрана на Вардар ја начека неподготвена Ермедин Адем и од пеналтикот прецизно реализира за конечни 2:1.

ПретходноПМФЛ: Омерагиќ со деби прволигашки гол му донесе бод на Скопје, триумфи на Силекс и Работнички, кикс на Шкупи! (ВИДЕО)
СледноТорес и донесе победа на Барса во дуелот со Атлетико Мадрид (видео)