ВМФЛ: Гостивар го “торпедираше“ Кожув и сега е втор, пред Вардар, Пелистер со голем кикс!

2539

Покрај супер – дербито кое се играше во Охрид, и во кое Воска со луд пресврт во последните мигови на мечот дојде од 0:1 до 2:1 против Вардар, се одиграа и останатите мечеви.

Гостивар очекувано, со 5:1 го победи Кожуф и сега има 58 бода и е втор, пред Вардар кој остана со 56 и сега е на местото кое води во баражот.

Воска со 62 бода речиси со една нога во ПМФЛ.

Голем кикс на Пелистер, битолчани се поразени во Струмица од Беласица со 2:1, па така веројатно ги загубија сите шанси за пласман во елитата, па макар и преку баражот.

РЕЗУЛТАТИ – 25.КОЛО

БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР 2:1

СЛОГА (В) – ТЕТЕКС 1:1

ВОСКА – ВАРДАР 2:1

ГОСТИВАР – КОЖУВ 5:1

БЕСА – АРСИМИ 1:0

САСА – ОХРИД 2:1

ПЕХЧЕВО – ДЕТОНИТ 1:3

КАРАОРМАН – БОРЕЦ 4:0

ТАБЕЛА

Воска 62, Гостивар 58, Вардар 56, Пелистер 50…

ПретходноТорес и донесе победа на Барса во дуелот со Атлетико Мадрид (видео)
СледноМиовски го „здрви“ Ренџерс, негов 16-ти гол во шкотската Премиер лига (видео)