Голгетерската низа на македонските интернационалци денеска ја надополни и Давид Бабунски. Нашиот интернационалец во Унгарија погоди во поразот на неговата екипа Мезоковед на гостувањето кај Пушкаш Академија со 2:1.
Бабунски влезе во игра од клупата во 56. минута, а веќе во 58. минута постигна мајсторски гол со пета.