Димитар Капинковски е назначен за нов тренер на грузискиот прволигаш Самтредија. Прилепчанецот денеска го одржа првиот тренинг со екипата подготвувајќи се за првиот меч против Телави во гости на 26 април.
Капинковски дојде на местото на Георги Шашиашвили кој го напушти тимот поради лоши резултати. Вчера Самтредија загуби со 2:1 од Самгурали. Тимот е последен на табелата по девет одиграни кола со само четири бода (една победа и едно реми).
Капинковски претходно работеше како тренер на Пелистер и на Победа.
Самтредија е шампион на Грузија од 2016 година.