Кениецот Келвин Киптум доцнеше 16 секунди од светскиот рекорд на Елиуд Кипчоге на маратонот во Лондон. Киптум го истрча маратонот со време од 2 часа, 1 минута и 25 секунди поставувајќи нов рекорд на лондонскиот маратон уривајќи го претходниот на Кипчоге, а не успеа да го стигне светскиот рекорд на Кипчоге од Берлин минатата година.
Второто место му припадна на Кениецот, Џефри Камворор со речиси три минути послабо време, а трет заврши Тамират Тола од Етиопија.
Во женска конкуренција триумф на дебитантот Сифан Хасан. Холанѓанката и покрај тоа што имаше повреда на колкот успеа да заврши прва (2 часа, 18 минути и 33 секунди) пред конкурентката Алему Мегерту од Етиопија. Трета заврши Перес Џепчирчир од Кенија.
2:01:25 🤯
The second quickest marathon of all time.
Take a bow Kelvin Kiptum! 🇰🇪#LondonMarathon #WeRunTogether pic.twitter.com/P3ScIY5z0L
— TCS London Marathon (@LondonMarathon) April 23, 2023
⏱ NEW COURSE RECORD ⏱
What a race from Kelvin Kiptum, who wins the men’s London Marathon!
It’s the second quickest time in history 🤯 pic.twitter.com/6L4GwzBtfk
— Eurosport (@eurosport) April 23, 2023