Лапорта и Чеферин се договорија: Барселона ќе игра во Европските купови следната сезона

2398

Тимот на Барселона нема да биде казнет со исфрлање од европските купови следната година, пренесува весникот „Спорт“. Оваа одлука е донесена по средбата меѓу Жоан Лапорта и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. 

Претседателот на Каталонците изминативе денови отпатува за Словенија заедно со еден од најпознатите фудбалски агенти Пини Захави, каде што се одржа средба со првиот човек на европскиот фудбал. Таму Лапорта долго разговараше за ситуацијата со Чеферин, претседателот на УЕФА за да на крајот да успее да го убеди од фудбалската централа да почека случајот против клубот од Каталнија. Првично предметот е во институциите во Шпанија, а откако ќе се дознаат одлуките од таму тогаш УЕФА да одлучува.

Барселона е предмет на неколку различни многу сериозни обвинувања од локалното Кралско обвинителство, кое ги истражува Каталонците поради долгогодишните обвиненија за спортска корупција, како и од даночните власти на земјата за прашања за фалсификување документи. Пред неколку дена на „Камп Ноу“ се одржа специјална прес-конференција за да се објасни ситуацијата, но забелешките на Лапорта беа опишани како „недоволни“ и „неубедливи“ од страна на шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Самиот Чеферин, неодамна на Конгресот на УЕФА, ја дефинираше ситуацијата во Барселона како најсериозната на која некогаш бил сведок.

 

ПретходноСестрата на Каваи Ленард осудена на доживотен затвор за 1000 долари (ВИДЕО)
СледноХадерсфилд вели, Барнли му „пушти“ на Ридинг за да не испадне од лига