Веќе на големо се пишува за кам-бекот на Лионел Меси во Барселона. На Аргентинецот ова лето му завршува договорот со ПСЖ, а според случувањата во Париз, речиси е сигурно дека нема да ја прифати новата понуда од раководството за продолжување на соработката.
А дека враќањето во дресот на Барселона не е невозможна мисија говорат и последните случувања. Според шпанските медиуми тој слетал во Барселона, притоа го користел тајниот излез на аеродромот.
„Лео Меси е во Барселона во моментов, со целото негово семејство и сите негови агенти, со неговиот комплетен тим“, откриваат тамошните медиуми.
Останува да видиме дали оваа посета е случајна или пак преговорите и официјално се почнати меѓу еден од најдодбрите фудбалери во светот и Барселона.