Алкалоид во продолжение на сезоната ќе остане без услугите на Костадин Петров. Искусниот пикер се повреди на мечот против Охрид во 11 коло во плеј-офот, а според она што се случуваше на теренот се претпоставуваше дека станува збор за сериозна повреда.
Петров утре ќе се оперира, а според првичните прогнози тој ќе биде надвор од терените од најмногу шест месеци.
За Алкалоид ова е голем хендикеп бидејќи го чека завршницата во домашниот шампионат каде дефинитивно ќе заврши на третото место, но и Купот на Македонија, каде за првпат во својата историја ќе игра полуфинале.