Миовски го „здрви“ Ренџерс, негов 16-ти гол во шкотската Премиер лига (видео)

3704

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна гол во дуелот на неговиот Абердин против Ренџерс. Абердин поведе со голот на Скејлс во 48 минута, а Миовски зголеми на 2:0 во 57 минута. Кларксон испрати долга топка во шеснаесетникот на Ренџерс, а Миовски со глава го совлада противничкиот голман.

Тоа е 16-ти гол за Миовски сезонава во шкотската Премиер лига и е на четвртото место на листата на стрелци.

ГОЛОТ НА МИОВСКИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноВМФЛ: Гостивар го “торпедираше“ Кожув и сега е втор, пред Вардар, Пелистер со голем кикс!
СледноЧаир ја победи Струмица за крај на регуларниот дел од сезоната