А требаше да биде дерби на колото во Премиерлигата. Но, ништо од тоа. Њукасл во 21.минута има нестварни 5:0. Домашните просто летаат по теренот, а Тотенхем е вистинска брука.
Фановите на Њукасл се во екстаза.
Марфи двапати, Исак двапати, Џоелингтон се стрелците.
Сепак додека се пишуваше овој текст можеби имаше уште некој гол во мрежата на Лорис.
Ова не се памети во блиско минато во Премиерлигата.