Ова е списокот на желби на Реал за летниот преоден рок: Влаховиќ, Мане, Рафаел Леао, Чуквуезе!

1642

Реал Мадрид како голем клуб, веројатно најголем во светот на фудбалот, уште сега си прави планови за претстојниот летен преоден рок. Откако се знае дека Флорентино Перез, барем засега нема да ги “чепка“ Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, тој составил список со желби, четворица се на број.

Тоа се Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец и напаѓач на Јувентус. Потоа Садио Мане, кој секако дека ќе си оди од Баерн Минхен по сите оние случувања со Лирој Сане. Перез има желба да го донесе и Рафаел Леао, играчот за врска на Миланм веројатно еден од најдобрите ако не и најдобриот играч во Серија А во моментов, и тука е Самуел Чуквуезе, Нигериецот кој игра за Вилјареал.

ПретходноДавид Бабунски погоди со петта, но неговиот тим повторно е поразен (ВИДЕО)
СледноЕлмас асистира, Распадори за шампионска победа на Наполи против Јуве (ВИДЕО)