ПМФЛ: Шкупи по бодови во Кавадарци, битка за опстанок на Автокоманда, Силекс ги дочекува “лавовите“…

284

 

Попладнево од 16 часот се играат преостанатите четири средби од 28.коло во ПМФЛ. Вчера во дербито на колото, Шкендија како гостин успеа да слави во Штип со 0:1, и со тоа да ја направи битката за титулата уште поинтересна.

Сега на потег е Шкупи, кој гостува во Кавадарци и со три бода и тоа како ќе им се приближи на Струга ТЛ и Шкендија. Во случај на реми или на пораз, тогаш чаирчани и дефинитивно веќе нема што да бараат во битката за тронот.

Секако дека на овој меч се прашуваат и домашните фудбалери, се прашува и Тиквеш.

Супер интересно ќе биде на Автокоманда, каде Скопје и А. Пандев ќе водат “војна“ за екстра важните бодови и за двете екипи. “Пиратите“ ако победат тогаш ќе дојдат на -1 бод во однос на “пандевци“ и до крајот се ќе биде можно во трката за избегнување на 10.место на табелата кое води во баражот.

Силекс ја дочекува Македонија ЃП. “Лавовите“ веќе се со мислите кон 20 мај и големото финале во Купот на Македонија, но секако дека не планираат во Кратово предвреме да се предадат. Кратовци на овој меч се фаворити, тука нема дилеми.

Во Прилеп гостува Работнички, очајниот Работнички оваа пролет. Дуелот со Победа е одлична шанса за составот на стратегот Милан Илиевски да врзе две победи во низа, по оној триумф во минатото коло против Скопје во Велес.

ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Силекс – Македонија ЃП

Тиквеш – Шкупи

Победа – Работнички

Скопје – А. Пандев

ВЧЕРА:

Брегалница – Шкендија 0:1

Струга ТЛ (слободна)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 53, Шкендија 50, Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, А. Пандев 22, Скопје 18, Победа 13..бодови

ПретходноЛионел Меси слета во Барселона!
СледноЛазаров денеска прозива, еден ракометар отпадна!