Феран Торес е човекот кој го реши победникот на мечот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во 30. коло на Ла Лига. Барселона победи со 1:0 и освои важни бодови во трката по шампионската титула, а Торес реализираше во 44 минута.
Во второто полувреме имаше шанси и на двете страни, прво Облак го запре ударот на Торес, а потоа и Атлетико се закани преку Караско. Во 71 минута Рафиња имаше голема шанса, меѓутоа Облак одлично одбрани, а на во наредниот напад Тер Штеген со врвна одбрана го запре шутот на Гризман. Во 75 минута Левандовски беше себичен, место да му додаде на Рафиња кој беше во добра позиција, тој се одлучи да шутира и погреши.
Сепак, резултатот остана 1:0 и бодовите завршија на „Ноу Камп“.
А Атлетико ја прекина низата од 10 едноподруго победи и 13 натпревари по ред без пораз.
Барселона води со 76 бода пред Реал Мадрид кој има 65 по 30. Кола. Атлетико е трет со 60 бода.
Ferran Torres gets the opener for Barcelona vs Atletico Madrid. 1-0 at Camp Nou.#BarcaAtleti pic.twitter.com/f9v921K91R
— $ (@samirsynthesis) April 23, 2023