Хадерсфилд вели, Барнли му „пушти“ на Ридинг за да не испадне од лига

447

Проблем за тимот на Барнли каде што натапува нашиот Дарко Чурлинов. Иако овој тим веќе обезбеди пласман во Премиер лигата, истиот може да биде доведен во прашање. Причина за тоа се поплаките од страна на тимот на Хадерсфилд кој вели дека Барнли откако обезбеди пласман во „елитата“ со комбиниран состав одиграл 0:0 против Ридинг и на тој начин едноставно му подаил бод на овој тим. Тоа на Хадерсфилд воопшто не му се допаѓа затоа што токму Ридинг е тимот кој е директен конкурент за испаѓање од лига.

Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови, што може да го искомплицира враќањето на клубот во Премиерлигата.

ПретходноЛапорта и Чеферин се договорија: Барселона ќе игра во Европските купови следната сезона
СледноЧави вклучи 15-годишник во тимот за дербито со Атлетико Мадрид