Тренерот на Барселона , Чави Ернандез, го вклучи 15. годишниот Ламин Јамал во каталонскиот тим за претстојната средба со Атлетико Мадрид од 30. коло на Ла Лига. Тој бил импресиониран од талентот и од она што тој го покажал на тренинзите, па ова секако е еден вид награда за неговата работа.
Крилниот напаѓач станува најмладиот играч кој е вклучен во тимот на Барселона за официјален натпревар и на Шпанија до 19 години. Јамал, кој во јули ќе наполни 16 години, би можел да стане најмладиот играч кој играл за Каталонците доколку добие минутажа на денешниот натпревар против Атлетико Мадрид.
„Тој е играч кој може да ни помогне бидејќи е талентиран. Јамал има индивидуални квалитети, може да игра еден на еден, силен е и убеден сум дека може да ни помогне. Разговарав со него и тој е многу среќен ако има потреба да ни помогне, тој е подготвен. Тој е роден талент. Со новите генерации разликата од моето време е што тие немаат страв. Тој има мали сличности со различни играчи, но не можам да споредувам него на одреден играч“, вели Чави.