Њујорк по третпат подобар од Кливленд, на победа до втората рунда

122

Кошаркарите на Њујорк Никс на домашен терен го победија Кливленд со 102:93 и сега водат со 3-1 во серијата од првото коло на плеј-офот на Источната конференција. Во вжештената атмосфера во „Медисон Сквер Гарден“, Никси го прекршија мечот во последната четвртина, во која целосно го затворија Донован Мичел и го принудија на еден од најлошите натпревари во сезоната.

На девет минути до крајот беше изедначено, но Никс го решија натпреварот со одлична одбрана и одличната реализација на триото Берет, Бренсон и Харт.

Најдобар беше Џејлен Бренсон со 29 поени, додека Ри Џеј Барет постигна 26 поени. Кај Кливленд Дриус Гарланд беше најефикасен со 23 поени.

ПретходноАлкараз ја одбрани Барселона, Лајовиќ триумфираше во Бања Лука
СледноДавид Бабунски погоди со петта, но неговиот тим повторно е поразен (ВИДЕО)