И дефинитивно Јувентус тргнува по Калуду Кулибали, стоперот на Челзи, некогашен дефанзивец на Наполи. Како што пренесува „Газета“, Макс Алегри веќе во два наврати имал телефонски разговори со Кулибали и го убедувал да се врати во Италија, во Серија А, но не во Наполи туку во Јувентус.
Кулибали истакнал дека вооопшто не е среќен во Челзи со оглед на хаосот што се случува во клубот од Лондон, и му пренел на стратегот на Јуве, дека добро ќе размисли.
Инаку проблем за реализација на овој трансфер е тоа што интернационалецот од Сенегал во Челзи има нето плата од 10 милиони евра, а во Јувентус би земал максимум 7 милиони.