Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, кој за 12 дена ќе наполни 20 години, ја одбрани титулата на АТП турнирот во Барселона. Вториот играч во светот го победи петтиот играч во светот, Гркот Стефанос Циципас во финалето со 6-3, 6-4.
За Алкараз ова е деветта АТП титула во кариерата.
Српскиот тенисер Душан Лајовиќ, пак, победи на првото издание на АТП турнирот во Бања Лука, откако во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљев со 6-3, 4-6, 6-4. За 32-годишниот Лајовиќ ова е втора АТП титула во кариерата.