Анчелоти го откри најголемиот проблем на Реал пред дуелот со Сити!

296

Реал Мадрид славеше против Селта Виго со 2:0 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во 30. коло од шпанското првенство. Тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот зборуваше за теренот.

„Имаме проблем со теренот, работиме на тоа да го решиме, се надевам дека ќе успее бидејќи очигледно влијае на нашата игра. Тревникот се менуваше редовно, мислам дека ќе треба повторно да се направи. Се распаѓаше поради работи на стадионот. Мислам дека ќе го решат пред натпреварот со Сити“, изјави Анчелоти.

Реал и Манчестер Сити првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони го играат на 9 мај на „Сантијаго Бернабеу“.

ПретходноВМФЛ: Супер – дерби во Охрид, Вардар на мегдан со лидерот, спектакл без гледачи и не е спектакл!
СледноТиквеш преку Бутел ќе бара излез од кризата!