Во дербито на 31. коло на италијанската Серија А во Торино, Наполи го совлада Јувентус со 1:0 и дојде на победа до математичка потврда на Скудетото. Гостите остварија победа со голот на Џакомо Распадори во 93. минута од натпреварот, по извонредната асистенција на нашиот Елиф Елмас.
Јувентус и Наполи одиграа големо дерби кое донесе возбудувања до самиот финиш. Јувентус постигна гол од контранапад во 83. Минута преку Анхел Ди Марија, но по протестите на гостите реагираше ВАР, а главниот судија по прегледувањето на снимката го поништи голот поради прекршок во акцијата која му претходеше на голот.
Јуве погоди и во 90. Минута, но овојпат голот беше оправдано поништен. Шокот стигна во 93. минута. Џакомо Распадори ја искористи фантастичната асистенција на Елмас и погодува за победа на Наполи од 1:0.
GOAL | Juventus 0-1 Napoli | Raspadoripic.twitter.com/96fpB0xqbx
— VAR Tático (@vartatico) April 23, 2023