Лазаров со кратко објаснување за Манасков: Пред и за време на СП имавме непријатно искуство!

4471

Македонската ракометна репрезентација означи старт на мини-подготовките за последните два квалификациски дуели за пласман на ЕП 2024 година. Избраниците на Кирил Лазаров прво гостуваат во Луксембург (26.04), додека на 30. април на домашен терен ја пречекуваат Турција.

И за овие средби во составот го нема Дејан Манасков, Лазаров даде краток коментар за неговата одлука да не го повика.

„Со Манасков имавме непријатно искуство пред и за време на Светското првенство затоа решив да им дадам шанса на младите“, рече Лазаров, кој потоа се осврна кон анализа на она што не очекува.

„Од она кое го гледам, бидејќи 90% од нашите репрезентативци доаѓаат од нашата лига, можам да бидам задоволен, од нивната моментална форма. Познавајќи ги сите, мислам дека ќе го сфатат овој предизвик повеќе од сериозно. Ние сме благи фаворити иако сме млада репрезентација. Ја преземаме таа улога, но во спортот се покажало дека мора да сме претпазливи. Немаме многу време за подготовка, немаат ниту противниците. Ќе ги иксористиме овие денови за три до четири тренинзи, внимание ќе имаме повеќе на стратегијата, на тактички план. Работиме подолго време заедно и мислам дека времето кое го имаме максимално ќе го искористиме. Нема да дозволам во ниеден момент да го потцениме противникот, на пример едни Фарски Острови прават изненадувања. Ние сме на чекор до ЕП 2024, верувам во овој тим и ќе си ја сфатиме работата сериозно. Така ќе се поставам и јас како селектор. Ќе се обидам некои работи во минатото кои не функционирале, посебно во дефанзивата, да ги поправиме и да изгледаме уште подобро“, изјави Лазаров.

Лазаров за двата меча нема да смета на Петровиќ и Стојковиќ.

ПретходноЛоша вест за Алкалоид, за Петров сезоната е завршена!
СледноГеоргиевски: Пласманот на ЕП 2024 ќе биде совршено збогум!