По подобро изведување на пенали, Манчестер Ј. го совлада Брајтон и закажа финале во ФА Купот на Англија против градскиот ривал Манчестер Сити. Во израмнет натпревар на „Вембли“ во рамките на полуфиналето на ФА Купот, екипите на Брајтон и Манчестер Јунајтед одиграа без голови по 120 минути, па дури изведувањето на пенали реши за тоа кој ќе патува во големото финале.
Само едно промашување во седмата серија ги чинеше фудбалерите на Брајтон голема сензација. Манчестер Ј. славеше со 7:6, а клучниот пенал го промаши Марч. Последната реализација за Манчестер Ј. беше на Линделоф.