Полувреме: “Пандевци“ со предност на Автокоманда, водат и Работнички и Силекс

203

Завршија првите полувремиња од четирите денешни мечеви од 28.коло во ПМФЛ. А.Пандев со голот на Крстевски уште од 2.минута има водство на Автокоманда, на гостувањето кај Скопје. Ова е натпревар за избегнување на она место на табелата кое води во баражот за опстанок.

Во Кавадарци, Тиквеш и Скопје играат без голови, кавадарчани добро му се спротиставуваат на фаворитот.

Силекс со голот на Манасиевски во 3.минута има водство против Македонија ЃП, а Маркоски му донесе водство на Работнички со гол во 31.минута на гостувањето кај Победа.

ПретходноТалески реален: Ако не ја оствариме целта – тогаш да не доаѓаме тука!
СледноЊукасл со највисока победа над Тотенхем по декември 1996 година