Талески реален: Ако не ја оствариме целта – тогаш да не доаѓаме тука!

514

Филип Талески се врати во составот на македонската ракометна репрезентација по пауза од два меча. Тој ги прескокна дуелите со Португалија поради приватни причини, а сега се враќа со голем мотив и желба за ставање на печат на местото на ЕП 2024 година.

„Ако не си ја оствариме целта, тогаш не треба да доаѓаме. Сакаме да играме на ново Европско првенство. Ние сме фаворити, но мора тоа да го покажеме на терен. Не настапив на мечевите со Португалија по барање поради приватни причини, но сега сум тука и подготвен сум да одговорам на барањата. Ни следат два меча со Луксембург и Турција, кои веќе ги победивме со брза и ефикасна игра. Сега верувам дека ќе се подготват подобро за нас од првите средби. Ние мора исто да видиме каде ривалите се подобрени или каде имаат слабости. На пример Турција најавува враќање на искусни играчи, меѓутоа нашата сала секогаш е преднсот против било кого“, изјави Талески.

Македонија во среда и гостува на Лукембург, додека во недела ја пречекува Турција.

 

ПретходноГеоргиевски: Пласманот на ЕП 2024 ќе биде совршено збогум!
СледноПолувреме: “Пандевци“ со предност на Автокоманда, водат и Работнички и Силекс