Чаир ја победи Струмица за крај на регуларниот дел од сезоната

48

Кошаркарите на Чаир 2030 ја совладаа Струмица на гости со 86-91 во последниот меч од последното коло во регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига.

Чаирчани победија благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Струмичани имаа водство од 52-38 во првото полувреме, а потоа Чаир направи разлика од 17 поени за конечна победа од 86-91.

Кај гостите најдобар беше Роби со 28 поени, а Александровски запиша 17 поени и 12 скока. Кај Струмица Крстајиќ постигна 24 поени.

Чаир заврши на 9.место со скор од седум победи и 15 порази, а Струмица на последната позиција во регуларниот дел со само две победи од 20 порази.

ПретходноМиовски го „здрви“ Ренџерс, негов 16-ти гол во шкотската Премиер лига (видео)
СледноКиптум со триумф на маратонот во Лондон со второ најдобро време во историјата на маратоните