Борко најави прес-конференција: Само човековата глупост е бесконечна, во следните денови работите ќе станат појасни!

5387

Борко Ристовски заработи суспензија од четири години од страна на МОК. Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски поднесе пријави против поранешниот репрезентативец поради изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК.

Ристовски има забрана на вршење на работа во олимпискиот спорт, а по повод оваа одлука има право на жалба во следните седум дена.

„Само човековата глупост е бесконечна. Не можам ништо да кажам во моментов, се што имам ќе го кажам на прес-конференција во следните денови на која сите ќе бидете поканети и сите работи ќе бидат појасни“, рече на кратко Ристовски. 
ПретходноМОК му изрече суспензија од четири години на Борко Ристовски!
СледноЈуниорите на Хајдук денеска одат да ја освојат Европа