ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Бадел 1862 на чекор до финале!

86

Бадел 1862 поведе со 2-0 во полуфиналната серија од плеј-офот, откако на домапен терен славеше со 51-44.

По изедначената прва четвртина (13-13), скопскиот тим во следниот период ја направи клучната разлика, на одморот поведе со 28-17. Бо продолжение Бадел знаеше како да ја сочува предноста која беше и двоцифрена (40-27).

Кетлин Матие со дабл-дабл од 18 поени и 11 скока беше прв стрелец, зад неа беше Мартина Маркоска со 15 поени и 8 скока. Кај гостите Сафија Ли постигна 23 поени и 11 скока.

Следните натпревари, трети по ред, во серијата која треба да ги даде двете екипи-финалисти, ќе се играат на 26. април (среда), на теренот на послабопласираните екипи во регуларниот дел, МЗТ Скопје Аеродром односно Струга 2009.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Бадел 1862 – Струга 2009 51:44 (2-0)

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром   88:62 (2-0)

ИДНИ НАТПРЕВАРИ – 26.АПРИЛ (СРЕДА)

Струга 2009 – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011

ПретходноНеверојатни сцени во Турција: Стампедо од навивачи влета на теренот (ВИДЕО)
СледноАТП: Алкараз сериозно му се „заканува“ на Ѓоковиќ, пад од три места на Калин Ивановски!