ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)

131

Без никакви дилеми околу тоа кој е тренер на 28.коло, секако дека тоа е Ќатип Османи, предводникот на Шкендија. Искусниот и трофеен стратег со својата екипа се најдобри кога е најпотребно. Во саботата, во дербито на 28.коло Ќато и неговите момци славеа со 0:1 во Штип, и тоа на гости кај Брегалница. Кај тимот што досега немаше пораз оваа есен. Ќато и Шкендија се во серија од шест победи во серија и дојдоа на само -3 бода во однос на лидерот, тимот на Струга ТЛ.

И не само што има резултати, квалитетниот состав на Шкендија, навистина почна да игра како што и прилега на една таква екипа.

ПретходноДали е ова крај? Златан повторно се повреди!
СледноПогледнете што вози Меси по улиците на Барселона! (ВИДЕО)