Ал Наср и Роналдо елиминирани од Купот на Саудиска Арабија (видео)

1192

Ал Наср може да остане без ниту еден трофеј сезонава, затоа што покрај тоа што има дефицит во првенството, вечерва испадна во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија. Ал Наср доживеа пораз од Ал Вехда со 0:1 и со тоа испадна од трката по трофејот.
Кристијано Роналдо како капитен го предводеше Ал Наср но ниту тој, ниту соиграчите не успеаја да го најдат патот до мрежата. Интересно Ал Вехда поведе со убав гол на Бежуел во 23 минута, а од 53 минута играа со фудбалер помалку и се одбранија.

Роналдо на почетокот на мечот се најде во одлична шанса, но голманот одбрани, а во финишот на мечот Португалецот ја погоди стативата.

Ал Вехда го финалето ќе игра со Ал Хилал.

ПретходноЕден е Дарко Панчев: “Кобрата“ ја собра на едно место фудбалската елита на Македонија, Србија…! (ФОТО)
СледноХаотично атинско дерби: Навивачите со запалени факели и столчиња по судиите (видео)