Штета, младинскиот тим на Хајдук не успеа да се искачи на врвот на Европа. Попладнево во финалето на младинската Лига на Шампиони, младите сплиќани поразени со од феноменачниот тим на АЗ Алкмар со 0:5. Вистински дебакл на хероите од Сплит за кои навиваше цел Балкан попладнево, но сепак и да си втор во Европа не е така мала работа.
Холанѓаните покажаа екстра фудбал, доминираа на теренот на стадионот во Женева, постигнаа пет голови и заслужено го освоија пехарот.
Сепак, како што се најавува, во вторник попладне во Сплит ќе се одржи специјален дочек за вицешампионот на Европа.
Стрелци на головите за АЗ Алкмар беа Адаи во 45.минута, потоа Поку со два гола донесе водство од 3:0, за Мердинк со головите во 79. и 87.минута ги постави конечните 5:0.
Се виде дека не бадијала АЗ Алкмар на патот до финалето ги елиминираше младинските состави на Реал Мадрид, Барселона, Спортинг Лисабон.