Да. Еден е Дарко Панчев. Вечерва во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, по повод прикажувањето на документарниот филм “Патот на Кобра до ѕвездите“, посветен на Дарко Панчев, нашата фудбалска икона, нашиот фудбалер на векот, европскиот и светски првак со Ц. Звезда, југословенскиот шампион со Вардар, се собра фудбалската елита на Македонија и Србија. Секако дека во преден план беше Дарко со своето семејство, а покрај другите тука беа и Васил Рингов, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ, Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Мето Спасовски, потоа целото раководство на ФФМ на чело со Муамед Сејдини кој му го подари новиот дрес на нашата репрезентација на Панчев, секако и селекторот Благоја Милевски.
Тука беа и Васил Тупурковски, како и Г.Г. Стефан.
Како гости од надвор тука беа Дејан Савичевиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ и уште многу,многу други познати лица.
Да, еден е Дарко Панчев. Светско а наше…