Вистинско лудило настана по завршувањето на натпреварот од турската прва лига меѓу Самсунспор и Кечиоренгучу. Домашниот тим победи со 4:1 и по 11 години се врати во Супер лигата.
Ова беше доволно за да навивачите на домашниот тим приредат невидена прослава.
Се чекаше судијата да означи крај на мечот. Кога го стори тоа, настана целосен хаос. Стампедото тргна кон теренот, сите посакаа дрес, шорцеви, па дури и копачки од играчите кои од вчера се херои на клубот.
Многу играчи не доживуваат вакво навивачко лудило на теренот во текот на нивните кариери. Оваа сезона, сепак, ги заслужија сите пофалби и сета љубов бидејќи одиграа навистина феноменална сезона.
🔴⚪ Y. Samsunspor taraftarları şampiyonluğu kutluyor!
🥳 Tribünler, coşkuyla sahaya indi! pic.twitter.com/behmnMdEf7
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 23, 2023