Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и Порто направија важен чекор кон освојување на шампионската титула во Португалија. Тимот на искусниот чувар на мрежата ја совлада Бенфика среде Лисабон 28-29 во меч од 21 коло во тамошниот шампионат.
Митревски беше на ниво на задачата, против поранешниот тим запиша девет интервенции.
Порто по оваа средба има 60 бода, еден помалку од Спортинг, директниот дуел ќе го одлучи шампионот.
Македонскиот репрезентативец денеска треба да им се приклучи на своите соиграчи од националниот тим за квалификациските мечеви против Луксембург и Турција на гостински терен.