Скопје до крајот на годината ќе биде градот на тенисот

226

Дури пет тениски турнири до крајот на годината ќе бидат организирани и одржани во нашиот главен град Скопје. По повод 70. години од играњето тенис во Македонија, Тениската Федерација на Македонија ќе огранизира пет силми турнири кои ќе се одржат во радиус од мај до септември.

Со најголем награден фонд и тоа од 80.000 долари ќе биде „АТП Челинџер 75“, кој ќе се одржи од 20 до 27 мај, а на него главна звезда за нас ќе биде нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски.

Следуваат турнирите од „ИТФ серијата“ со награден фонд од по 25.000 долари, кои од 4 до 11 јуни ќе се одиграат во машка, а во септември и во женска конкуренција. Во јуни е планиран „Били Џин Кинг купот“ за женската национална селекција, а на 7 мај серијата ќе биде отворена со дипломатски турнир.

 

 

ПретходноУште еден проблем за Јунајтед, Варан не игра до крајот на сезоната
СледноСТРУЖАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 18.636.618 ДЕНАРИ